Contents
Тие се и извор на постојан приход за компанијата, и воедно, најмоќните продавачи затоа што ниту една форма на рекламирање или продажба не е повредна од предлог од пријател.
Но, како можете да ги натерате вашите потрошувачи да зборуваат за вас? И дали е тоа воопшто возможно?
Каде грешат повеќето компании?
Најголемата грешка на повеќето компании и во тоа што премногу се фокусираат на профитот. Тој е резултат, а не цел.
Нашата цел секогаш треба да биде задоволување на потребите на корисниците, на нашите потрошувачи. Да ги разбереме, и да создадеме нешто што ќе ги воодушеви. Затоа мора да се запрашаме, зошто на тие луѓе им е потребен нашиот производ? Кој проблем им го решава нашата услуга? Што е тоа што го ценат најмногу? И, кои се ставовите кои тие ги вреднуваат?
Втората грешка на повеќето компании и воедно, претприемачите, е тоа што премногу се фокусираат на своите претпоставки. Секако, вашето мислење и интуиција се важни, но не треба да бидат на прво место. Повеќето бизниси грешат во тоа што не сакаат да вложат време и пари во истражување и тестирање. Но на крајот, пропустите поради недостатокот на клучни информации за пазарот скоро секогаш ги чини многу многу повеќе.
Што може да научиме од успешните бизниси?
Сите успешни бизниси имаат нешто заедничко: тие продаваат нешто корисно, на начин кој им одговара на корисниците.
Најважното нешто кај секој производ е самиот производ. Доколку продавате кроасани, најважно е тие да бидат вкусни. Доколку продавате автомобили, најважно е тие да бидат сигурни. Пакувањето, дизајнот, и маркетинг кампањите се начини за да додадете вредност на вашите производи.
Тие се важни за привлекување на внимание, но самиот производ е тоа по кое корисниците се враќаат и тоа на кое му остануваат лојални. Тоа што го мислат за вашиот бренд луѓето што ги користат вашите производи е многу многу поважно од мислењето на оние кои само слушнале за вас.
Затоа е многу важно да разберете на кој му продавате, и што е тоа што го продавате. Откривањето на човечките потреби е клучниот прв чекор при создавање на секој производ, на секоја услуга.
Што е Design Thinking?
Design Thinking е методологија која ќе ви помогне да го направите токму тоа – да ги разберете вашите корисници. Да дознаете како можете да им помогнете, и што тие навистина сакаат. Со нејзината помош ќе престанете да се преокупирате со конкурентите, и ќе почнете да се фокусирате на корисникот. Таа има универзална примена и е како еден вид на упатство, лесно за учење и примена во секојдневната работа.
Покрај примарната улога во создавање на подобри продукти и услуги, со неа можете да ги подобрите постоечките, да го зајакнете вашиот бренд, и да ги мотивирате вашите вработени да ви помогнат во таа мисија. Прочитајте повеќе за ова сеопфатно решение, и како може да го имплементирате во вашиот бизнис тука.
Како може Solveo да му помогне на вашиот бизнис?
Solveo е првата агенција за стратешки дизајн и иновации во Македонија. Ние им помагаме на нашите клиенти да создадат подобри продукти и услуги, и да развијат подобри маркетинг стратегии за нивниот бренд. Ова го правиме со помош на Design Thinking методологијата, и тоа на неколку начини.
Најпрво, како консултанти ние сме советници и истражувачи кои откриваат подобри начини да допрете до вашите корисници. Исто така, преку нашта програма Innothink, на практичен начин ви помагаме на вас и вашиот тим да ја научите Design THinking методологијата, за да и вие можете да ја применувате во секојдневието. И секако, ви помагаме да ги подобрите вашите продукти и услуги поврзувајќи ве со самите корисници преку креативни натпревари, како нашиот годишен креативен маратон Rethink.
Нашата цел е да бидеме мостот помеѓу корисниците и компаниите, за да заеднички создадеме подобра иднина. А тоа колку сме успешни во нашата мисија, нека зборуваат резултатите.